Асоцијација на производители на приватна марка (PLMA)

Магро      ни

Магрони ДОО оваа година ќе присуствува на саемот на Асоцијација на производители на приватна марка (PLMA) во Амстердам, како дел од првиот организиран македонски павилјон на саемот.

Македонскиот павилјон на PLMA 2015 е во организација на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, која обезбеди материјална и логистичка поддршка за успешно учество на 7 Македонски компании на најголемата изложба од ваков вид во Европа оваа година.

PLMA саемот во Амстердам ги поврзува трговците и производителите во нивната заедничка потрага по нови производи и потпомага во нивниот потенцијален раст и извоз на нови пазари.

Овогодинешниот настан е одлична можност за претставување на производите и улугите на компанијата пред пошироката публика, но исто така и можност да се изградат поблиски лични односи со постојните и потенцијалните клиенти.

Амбасадата ќе го искористи настанот за средби со Холанските компании заинтересирани за работа и соработка со Македонија, во обид за зајакнување на билатералната соработка и трговските односи помеѓу Холандија и Македонија.

Посетете не, ние се наоѓаме во Сала 8 од RAI изложбениот центар во Амстердам. Саемот ќе се одржи на 19 и 20 мај 2015 година.