Функционална вода

Повеќе од вода

Човекот постојано е во потрага по информации и начини како да го подобри својот живот и да го направи поудобен и поисполнет.

Знаеме дека подобрувањето е секогаш можно. Секоја личност се стреми кон својата лична благосостојба, а токму границите на она што се нарекува благосостојба на телото, умот и духот постојано се поместуваат.

Избор секогаш постои и го користиме за да ја направиме сопствената егзистенција поуспешна, поздрава и посреќна.

Креаторите на новиот редефиниран концепт на благосостојба и здрав стил на живот не го изоставија фактот дека  2/3 од нашето тело се вода. Тоа ги инспирираше да го спојат корисното, потребното и убавото во едно, и да создадат вода збогатена со функционални додатоци и витамини, која позитивно влијае на човечкиот организам.

Природната минерална вода денес не ги задоволува во целост потребите на луѓето со високо развиена свест за своето здравје кои сакаат повеќе од освежување.

Затоа, по примерот на европското и светското искуство, во Македонија се лансирани првите функционални води, Dobra Voda active и Dobra Voda wellness.

5 главни причини поради кои Dobra Voda active и Dobra Voda wellness се повеќе од вода

Богатство на минерали – Природната минерална вода Dobra Voda учествува во составот на овие производи со 95%.

Функционални додатоци – Полезно делуваат на вашето тело, ум и здравје. Ѓумбирот со својот смирувачки ефект релаксира, ослободува од напнатост и позитивно влијае на имунолошкиот систем, додека гуараната и женшенот, како природни извори на енергија, даваат чувство на свежина преку целиот ден, подобрувајќи го вашиот ментален и физички капацитет.

Витамини – Со испиени 0,5L на ден внесувате 75% од препорачаниот дневен внес на витамини од групата Б (нијацин, пантотенска киселина, витамин Б6, фолна киселина, биотин и витамин Б12), кои позитивно влијаат на концентрацијата, ја стимулираат циркулацијата, го намалуваат заморот и ги спречуваат напнатоста, депресијата и анемијата.

Малку калории – Благодарение на природниот овошен шеќер (фруктоза), Dobra Voda active и Dobra Voda wellness имаат ниска енергетска вредност од само 18,2 kcal/100ml (Dobra Voda active), т.е. 18,4 kcal/100ml (Dobra Voda wellness). Фруктозата е природен овошен шеќер со трипати понизок гликемиски индекс од обичниот шеќер (сахароза), што значи побавна апсорпција на јаглехидратите и помало покачување на шеќерот во крвта.

Без конзерванси - Dobra Voda active и Dobra Voda wellness не содржат конзерванси во својот состав, што ги прави исклучително здрави за вашиот организам.

Dobra Voda active и Dobra Voda wellness, се полнат во неповратна ПЕТ амбалажа од 1,5L, 0,5L и 0,33L.