Бош Фестивал

Dobra Voda го подржа мултимедијалниот арт фестивал „БОШ 5“, кој се одржа од 23 до 25 август оваа година во Гевгелија.

Во текот на трите фестивалски дена, посетителите се освежуваа со Dobra Voda и уживаа во бројните off-mainstream содржини (професионални и аматерски), како театарски престави, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби и работилници.

Првото издание на БОШ Фестивалот се случи 2009 година, во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.