Ден без автомобили во Скопје

Неколку илјади граѓани, ученици учествуваа на големото дефиле на велосипеди што се возеше во Скопје на ден 22.9.2013, по повод Денот без автомобили и Европската недела на мобилноста.

Dobra Voda balance не ја пропушти можноста да биде ексклузивен спонзор на овој прекрасен настан.

Европската недела на мобилноста оваа година се одржа под мотото: „Чист воздух-ти си на потег“.

Дефилето на велосипеди го организираше градот Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и канцеларијата на Европската унија во Република Македонија.