Велосипедска парада

Делегацијата на Европската унија во партнерство со Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, подржано од Dobra Voda balance ја организираа велосипедската парада „Во град без мојот автомобил“. Парадата, како знак за поддршка на велосипедот како средство за одржлив урбан транспорт што придонесува за почист воздух во градските средини, започна од Градскиот плоштад, а заврши во Градски парк (Школка).