ЗА НАС
Природна, чиста и освежувачка, минералната вода Dobra Voda се полни директно од самиот извор од 503 метри длабочина и на површината излегува со температура од 52 °C. Така целосно недопрена од човекот претставува вистински избор за вас секаде и во секое време.
Изворот именуван како Тополовиќ е лоциран во чиста еколошка средина, на падините на Осоговските планини и претставува дел од еден од најголемите геотермални системи во Република Македонија – геотермалниот систем Здравевци, Кратовско.
НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ
Dobra Voda e природна минерална вода, препознатлива по уникатниот лесен и освежителен вкус поради совршениот баланс на минералите.
Почувствувајте ја исконската вредност на недопрената природа со шише Dobra Voda, во секое време и секаде и уживајте во нејзиниот уникатен вкус, свежина и квалитет кои ќе ги забележите веднаш штом ќе ја испиете првата голтка.Види повеќе
DOBRA VODA
ГАЗИРАНА
За луѓе кои имаат развиена свест за здрав начин на живот, бидејќи совршено освежува и ја одржува виталноста на организмот.
Нејзиниот неодолив стил и извонреден квалитет ја прават ваш избор во секое време од денот!
По примерот на европското и светското искуство, во 2010 година во Македонија се лансирани првите функционални води, Dobra Voda Аctive, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance, во целост да ги задоволaт потребите на луѓето со високо развиена свест за своето здравје.
Богатство на минерали
Природната минерална вода Dobra Voda учествува во составот на овие производи со 95%.
БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ
Dobra Voda Аctive, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance не содржат конзерванси во својот состав и се со низок гликемиски индекс што ги прави исклучително здрави за вашиот организам.
DOBRA VODA
ACTIVE
Будење и свежина
Пријатниот вкус на бела праска во комбинација со екстрактите од гуарана и женшен ја прават Dobra Voda Active моќен извор на минерали, витамини и здравје.
ВАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ
ЗОШТО ПИЕЊЕТО ВОДА Е ВАЖНО?
Да се остане хидриран во текот на целиот ден е од клучно значење, а пиењето вода е еден од најлесните и најефикасните начини за одржување на добро здравје.