ФУНКЦИОНАЛНА
ВОДА

ПОВЕЌЕ ОД ВОДА

По примерот на европското и светското искуство, во 2010 година во Македонија се лансирани првите функционални води, Dobra Voda Active, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance, во целост да ги задоволи потребите на луѓето со високо развиена свест за своето здравје.

Dobra Voda Active, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance се полнат во неповратна ПЕТ амбалажа од 1,5L, 0,5L и 0,33L и стаклена амбалажа од 0.25L

5 главни причини поради кои Dobra Voda Active, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance се повеќе од вода:

Богатство на минерали

Природната минерална вода Dobra Voda учествува во составот на овие производи со 95%.

Функционални додатоци

Полезно делуваат на вашето тело, ум и здравје. Ѓумбирот со својот смирувачки ефект релаксира, ослободува од напнатост и позитивно влијае на имунолошкиот систем, додека гуараната и женшенот, како природни извори на енергија, даваат чувство на свежина преку целиот ден, подобрувајќи го вашиот ментален и физички капацитет.

Природниот екстракт  од алое вера со својот богат нутритивен состав го балансира дигестивниот систем  и помага  во зајакнување на имунолошкиот систем.

Без конзерванси

Dobra Voda Active, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance не содржат конзерванси во својот состав и се со низок гликемиски индекс, што ги прави исклучително здрави за вашиот организам.

Низок гликемиски индекс

Благодарение на природниот овошен шеќер (фруктоза), Dobra Voda Active, Dobra Voda Wellness и Dobra Voda Balance се со низок гликемиски индекс од само 18,2 kcal/100ml (Dobra Voda Active), т.е. 18,4 kcal/100ml (Dobra Voda Wellness) и 16,1 kcal/100ml (Dobra Voda Balance).

Витамини

Со испиени 0,5L на ден внесувате 75% од препорачаниот дневен внес на витамини од групата Б (ниацин, пантотенска киселина, витамин Б6, фолна киселина, биотин и витамин Б12).

DOBRA VODA
ACTIVE

Будење и свежина

Пријатниот вкус на бела праска во комбинација со екстрактите од гуарана и женшен ја прават Dobra Voda Active моќен извор на минерали, витамини и здравје.

100ml производ содржи:

Енергетска вредност – 77,6 kJ/ 18,2 kcal, Масти – <0,01 g, од кои заситени масни киселини – <0,01 g, Јаглени хидрати – 4,3 g, од кои фруктоза – 4,29 g, Диететски влакна – <0,01 g, Протеини – <0,01 g, Ниацин – 2,4mg*, Пантотенска киселина – 0,9mg *, Витамин B6 – 0,21mg *, Фолна киселина – 30µg *, Биотин – 7,5µg *, Витамин B12 – 0,375µg *

*15% од препорачаниот дневен внес

DOBRA VODA
WELLNESS

Релаксација и хармонија

Природниот екстракт од ѓумбир со својот ублажувачки ефект ќе ве релаксира и ќе ви помогне полесно да се справите со секојдневните обврски, а природниот вкус на портокал ќе ве освежи додека сте на вашето работно место.

Dobra Voda Wellness е добитна комбинација на природни состојки за релаксација и хармонија.

100ml производ содржи:

Енергетска вредност – 78,5 kJ/ 18,4 kcal, Масти – <0,01 g, од кои заситени масни киселини – <0,01 g, Јаглени хидрати – 4,3 g, Од кои фруктоза – 4,29 g, Диететски влакна – <0,01 g, Протеини – <0,01 g, Ниацин – 2,4mg*, Пантотенска киселина – 0,9mg *, Витамин B6 – 0,21mg *, Фолна киселина – 30µg *, Биотин – 7,5µg *, Витамин B12 – 0,375µg *

*15% од препорачаниот дневен внес

DOBRA VODA
BALANCE

Здравје и виталност

Природниот екстракт од алое вера со својот богат нутритивен состав искомбиниран сo освежителниот вкус на зелено јаболко, ја прават Dobra Voda Balance совршен спој на здравје, виталност и свежина.

100ml производ содржи:

Енергетска вредност – 67,4 kJ/ 16,1 kcal, Масти – <0,01 g, од кои заситени масни киселини – <0,01 g, Јаглени хидрати – 3,93 g, Од кои фруктоза – 3,93 g, Диететски влакна – <0,01 g, Протеини – <0,01 g, Ниацин – 2,4mg*, Пантотенска киселина – 0,9mg *, Витамин B6 – 0,21mg *, Фолна киселина – 30µg *, Биотин – 7,5µg *, Витамин B12 – 0,375µg *

*15% од препорачаниот дневен внес