Камп за мобилни апликации

На 26ти и 27ми октомври 2013, Dobra Voda balance беше дел од вториот по ред Камп за мобилни апликации во Скопје, во организација на ПСМ Фондацијата, поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Шведска во Македонија.

За време на дводневниот настан, повеќе од 20 тимови добија значајни совети од искусни експерти во индустријата, имаа бизнис средби и можност да ги презентираат своите мобилни апликации пред панелот судии составен од потенцијални инвеститори.