Ноќна прошетка на Водно до Милениумскиот крст

23.7.2011 г.

Dobra Voda active со големо задоволство помогна во остварувањето на несекојдневната ноќна прошетка на Водно во организација на Macedonian Owl Trust, организација за заштита на бувовите и нивната средина во Р.Македонија. Посетителите на оваа прошетка имаа можност за блиска средба со диви и припитомени бувови како и можност да добијат повеќе информации за бувовите во Р.Македонија, нивните гнездилишта и ловишта.