
Природна минерална вода
Шише полно живот
Водата како основен елемент од животот има есенцијално значење за здравјето на човекот. Во нормални услови, човек на просечна возраст губи од 2,5 до 3 литри вода. Таа вода мора да се надомести. Човекот може да преживее 40 дена без храна, но не може да преживее повеќе од 2 до 3 дена без вода. Поради тоа потребно е редовно пиење на вода - дури и кога не чувствувате жед.
Водата која содржи бикарбонати особено помага при апсорпцијата и варењето на храната во желудникот и позитивно влијае на работата на црниот дроб. Минералните води освен што се разликуваат по својот состав, имаат и различен вкус. Dobra Voda на своите потрошувачи им гарантира природен и високо квалитетен производ, препознатлив по единствениот лесен и освежувачки вкус кој се должи на совршено избалансираниот состав на минерали.
Dobra Voda е идеално решение за одржување на потребниот дневен внес на вода и минерали во вашето тело!
Почувствувајте ја исконската вредност на недопрената природа со шише Dobra Voda, каде било и кога било и уживајте во исклучителниот вкус и свежина, квалитети што ќе ги забележите веднаш штом ќе ја испиете првата голтка.
Природната минерална вода Dobra Voda на пазарот е присутна во неповратна ПЕТ амбалажа, во асортиман: 1,5 L, 0,5 L и 0,33 L и во стаклена амбалажа од 0,25 L.